Од Тбилиси Јовица Симоноски
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Предмалку фудбалерите со стручниот штаб пристигнаа во Тбилиси за натпреварот во петок против Грузија.




Селекторот, Благоја Милевски пред овој натпревар се соочи со сериозни проблеми во составот. Голем број репрезентативци не се во натпреварувачка форма, а тука беа и повредите. Од планираниот состав отпаднаа прво Дарко Чурлинов, а потоа Валон Етеми, Аријан Адеми и капитенот Стефан Ристовски. Дополнително беше повикан дефанзивецот на Шкендија, Егзон Бејтулаи.




Сепак и покрај проблемите сигурно дека македонските репрезентативци нема да се откажат и веруваат во победа која ни е единствена опција за да останеме во игра за првото место во групата.




Натпреварот против Грузија го играме во терминот од 18:00 часот.
