Maкедонската репрезентација во наредниот репрезентативен циклус ја очекуваат два натпревари против Грузија и Бугарија.
Пред овие две средби селекторот Благоја Милевски се соочува со големи проблеми со повреди. Отпаднаа Стефан Ристовски, Валон Етеми, Дарко Чурлинов, а во последен момент изгледа останавме и без Арјан Адеми (тука).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од оние на кои Милевски ќе смета е младиот играч за врска Енис Фазлагиќ.
Мора да веруваме дека можеме да бидеме први во групата и реално е тоа да одиме на победа на овие два меча. Знаеме дека Грузија е квалитетен противник и ние мора максимално да се подготвиме и во мечот да влеземе како што треба. Најважно е да освоиме три бода и мислам дека со вистински добар пристап ќе биде сѐ во ред“.
За победа против Грузија Фазлагиќ смета дека мораме да бидеме понконкретни.
„Тоа што Грузија е прва покажува дека имаат квалитетен тим и дека играат квалитетно. Тоа го потврдија и во Скопје. Но, ние мора да сме максимално фокусирани и да се спремиме за тој меч, ако сакаме да извлечеме победа, а тоа секако дека го сакаме. Мора да сме поконкретни и нормално дека треба да дадеме голови, зашто со голови може да стигнеме до нашата цел“, изјави Фазлагиќ.
Против Грузија ќе играме на 23. септември на гости во Тбилиси, додека Бугарија во Скопје ќе ја пречекаме три дена подоцна.