Дома Фудбал Репрезентации Нема крај на лошите вести: Останавме веројатно и без Адеми…

Нема крај на лошите вести: Останавме веројатно и без Адеми…

Како да нема крај на лошите вести за селекторот Благоја Милевски пред натпреварот против Грузија и Бугарија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе е потврдено дека Милевски нема да може да смета на Етеми, Стефан Ристовски и Дарко Чурлинов. Во последен момент пристигнуваат нови лоши вести, на денот на собирот се најавува дека и Аријан Адеми нема да може да помогне во последните две средби од оваа Лига на нации.

Адеми има проблеми со повреда на половината, па се пожалил на болки и ако вчера одигра цел натпревар и постигна гол за Динамо.

Ќе биде тешко на Македонија без еден од нашите најважни играчи против Грузија и Бугарија, но мора да се „стегне заби“ и машки да се одигра. Треба да се напомене и дека уште поголем проблем е тоа што Ристовски и Адеми се едни од малкумината фудбалери кои се во добра натпреварувачка форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ибрахимовиќ откри за кого ќе навива на Светското првенство, но ја заборави Босна

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ моментално престојува во Северна Америка,…