Дома Фудбал Лига на шампиони ЛШ: Динамо немаше сили за нова сензација, Милан без проблеми до победа, реми на Селтик и Шахтјор

ЛШ: Динамо немаше сили за нова сензација, Милан без проблеми до победа, реми на Селтик и Шахтјор

Милан во второто коло од Лигата на шампионите на свој терен го совлада Динамо Загреб со резултат 3:1.

Загребскиот клуб влезе многу храбро во овој натпревар. Ристовски, Адеми и друштвото беа понесени од победата против Челзи во првото коло, но против Милан сили за сензација немаа.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


До водство Милан стигна преку Оливие Жиру во 45. минута од пенал кој го изнуди Леао. Само што почна второто полувреме „росонерите“ зголемија на 2:0. Не се предаваше Динамо и преку Оршиќ во 56. минута стигнаа до 2.1.

Сепак, хрватскиот шампион не можеше повеќе. Сите дилеми околу победникот беа решени во 77. минута кога Побега ги постави конечните 3:1.

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Селтик и Шахтјор ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Потсетување на мајсторијата на Васил Рингов против Динамо Букурешт (Видео)

Едно од најистакнатите имиња во македонскиот фудбал, Васил Рингов, почина на 70-годишна во…