Репрезентацијата на Македонија на крајот од овој месец ја очекуваат два натпревари во рамките од Лигата на Нации, а селекторот Благоја Милевски денес го објави списокот на повикани фудбалери.
Прво на 23. септември Македонија ќе гостува на Грузија, а само три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаме селекцијата на Бугарија.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во составот после подолго време се враќа Љупче Дориев, а поради повреда го нема Бобан Николов. Тука е и Агон Елези од Вараждин кој ако добие шанса за настап би дебитирал за националниот дрес.
Од македонската прва лига тука се голманите Наумовски и Алексовски, во средниот ред Бојан Димоски и во нападот Дориев.
Голмани:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);
Одбрана:
Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Ворскла, Украина), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);
Среден ред:
Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Аријан АДЕМИ (Динамо Загреб, Хрватска), Енис ФАЗЛАГИЌ (Дунајска Стреда, Словачка), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија);
Напад:
Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Барнли, Англија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија);
Како што е познато Адис Јаховиќ вчера објави пензионирање од националниот дрес и во иднина нема да му биде на располгање на селекторот.