Дома Фудбал Германија Проблем во Баерн: Играчите креваат „бунт“ против Нагелсман?

Проблем во Баерн: Играчите креваат „бунт“ против Нагелсман?

Баерн Минхен во изминатите години беше толку доминантен во однос на другите клубови во Бундеслигата што сега трите нерешени натпревари во низа се сметаат за катастрога.

Германските „Кикер“ и „Билд“ веќе пишуваат за незадоволство во таборот на германскиот гигант. Фудбалерите наводно биле незадоволни од работата на тренерот Јулијан Нагелсман.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повикувајќи се на неименувани извори од соблекувалната се смета дека поголем дел од играчите сметаат дека исклучиво Нагелсман е виновникот за лошата игра. Исто така се додава дека фудбалерите биле незадоволни затоа што тренерот во јавноста никогаш не ја презема одговорноста.

Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ исто така изјави дека Нагелсман не знае како екипата сака да му игра.

„Јулијан и понатаму го бара својот стил. Никогаш претходно немал на располагање ваква екипа. Тој зборува многу со играчите и мора кон сите да биде ист. Нормално да е заборува повеќе со лидерите на тимот, но мора и со другите затоа шт оникогаш не е лесно кога располагаш со толкава група играчи кои сакаат да играат“, изјави Салихамиџиќ.

Интересно е што приказната за играч кој споделува информации со медиумите во Минхен не се појавува првпат. Слично се случи и во 2013 година кога во јавноста се откриваа детали, во тој период тренер на Баерн беше Пеп Гвардиола.

„Немам време да барам кој е „кртот“. Не ме интересира кој е само не сакам да биде со екипата. Ако дознаам повеќе никогаш нема да игра за мене“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…