Натпреварот помеѓу Арсенал и ПСВ кој беше закажан за четврток е одложен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Британските власти ги информирале Холанѓаните дека немаат на располагање доволно полиција за да го обезбедат мечот. Централен настан овие денови се работите околу погpeбот на кралицата и безбедносните сили се насочени кон тој настан.




ПСВ преку социјалните мрежи објави дека натпреварот против Арсенал е откажан откако го добиле споменатото известување.




Засега, ова е прв европски натпревар кој се одложува поради cмртта на Кралицата. Дуелот Ренџерс – Наполи кој требаше да се игра утре ќе се игра во среда и без гостински навивачи.
#ARSPSV ❌
— PSV (@PSV) September 12, 2022