Сезоната во Суперлигата Еурофарм Пелистер ја започна со убедлив триумф против Скопје од 32:27, додека Пелистер 2 славеше против Тиквеш.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вицешампионот на Македониај по победата тргна од самиот почеток и водеше со 4:1 и на полувреме веќе имаше 17:6, па беше јасно кој ќе го добие натпреварот. Во продолжение од натпреварот предноста само се зголемуваше.
Најдобар кај победничкиот тим беше Ненад Костески со шест гола, Леонид Киселовски постигна четири за Скопје.
Вториот тим на битолчани, Еурофарм Пелистер 2 го совлада Тиквеш со 28:23. Најдобар стрелец во триумфот беше Ивановски со осум гола, додека Симиќ за гостите запиша седум погодоци.