Повеќе нема дилеми, Миралем Пјаниќ ќе ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати каде што ќе потпише за Шарјах.
Оваа информација после вчерашните најави денес ја потврди Фабрицио Романо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Миралем Пјаниќ треба да ја напушти Барселона затоа што постои договор да се придружи на Шарјах“, објави Романо.
Пјаниќ со овој клуб ќе потпише договор на три години. Играчот за врска е изоставен од тимот за натпреварот против Викторија Плзен затоа што патува за ОАЕ на комплетирање на трансферот.
„Пјаниќ одлучи да замине поради повеќе причини, тој е голем професионалец и мислам дека ќе имаше своја шанса ако останеше“, но секој го избира својот пат.
Романо додава и дека во ОАЕ како и во некои други земји трансфер пазарот е се уште отворен, па затоа Пјаниќ може да потпише.