Денес на седницата на управниот одбор на Ракометната федерација Македонија присуствуваа и селекторите на сите репрезентации.
Кире Лазаров зборуваше за настапот на Медитеранските игри, но и за она што и претстои на Македонија во иднина. Следен голем настан за нас ќе биде Светското првенство во Полска и во Шведска во јануари, меѓутоа Македонија ја чекаат важни натпревари и претходно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ни претстојат квалификациите за Европското првенство во 2024 за кои ќе признаам имавме и малку среќа, добивме посакувана група со Луксембург, Турција и Португалија која е фаворитот. Се надевам на успешни квалификации и дека сите играчи ќе бидат подготвени.
Но, не смееме да потцениме никого Турција и Луксембург мораме сериозно да ги сфатиме“, изјави Лазаров.
На седницата Лазаров предложи и собир од октомври до декември каде што ракометарите од домашното првенство би се работело во секој „продолжен викенд“ (петок и понеделник по првенствените кола). Целта секако ќе биде да се поткрене индвидувалната подготвка, но и тимската воиграност.