Дома Фудбал Останато ФИФА најави Светско првенство со 48 репрезентации!

ФИФА најави Светско првенство со 48 репрезентации!

Новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, откри дека светската куќа на фудбалот има план да го зголеми бројот на учесници на Светското првенство.

Во својата кампања за претседател на ФИФА, Џани Инфантино ветуваше проширување на Светското првенство.Тогаш тој говореше за мундијал со 40 репрезентации, но денеска откри една нова идеја, односно Светско првенство со 48 учесници.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Планот би бил таков што за вакво нешто би се организирал посебен систем, со плеј-оф непосредно пред стартот на Мундијалот.

„Планот е 16 најдобри екипи да се пласираат во групната фаза, додека преостанатите би играле плеј-оф во земјата на одржувањето на турнирот. Значи, 32 селекции би играле еден квалификациски меч три дена пред почетокот на групната фаза и би го дополнила бројот од 32 финални екипи“, откри Инфантино.

„Идејата на ФИФА е да го развива фудбалот низ целиот свет, а светското е најголемиот настан. Тоа е повеќе од турнир, тоа е социјален настан“, додаде првиот човек на ФИФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…