Дома Трансфер зона Можна размена помеѓу Барселона и Јунајтед во финишот од преодниот рок

Можна размена помеѓу Барселона и Јунајтед во финишот од преодниот рок

Каталонскиот „Спорт“ пренесува дека во финишот од преодниот рок може да видиме трампа помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона.

Ова лето Манчестер Јунајтед се обидуваше да го доведе Френки Де Јонг, но Холанѓанецот на крајот остана на „Камп Ноу“. Потоа се споменуваше Мемфис Депај, а сега се најавува дека овие два клуба можат да направат трампа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во зделката би биле вклучени Сержињо Дест и Арон Ван Бисака, двајца фудбалери кои не се во плановите кај Чави и Тен Хаг.

„Спорт“ пренесува дека преговорите се интезивирале во последните часови и постојат шанси да се најде формула до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…