Дома Фудбал Останато Нов пресврт: Се огласи агентот и ја заокружи сагата околу трансферот на Ди Марија

Нов пресврт: Се огласи агентот и ја заокружи сагата околу трансферот на Ди Марија

Нови перипетии околу Ди Марија и неговото заминување од ПСЖ во финишот на преодниот рок.

Вчетс големо внимание ширум Европа предизвика веста која ја пласираше ЕСПН, дека познатиот агент, Жорж Мендеш допатувал во Барселона за да разговара за двата големи трансфери.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Еден од потенцијалните е трансферот на Андре Гомеш во Јувентис, а вториот е оној на Анхел Ди Марија од ПСЖ во Барселона.

Меѓутоа денес следуваше пресврт…

Како што пренесува „Калчомеркато“, Мендеш ги отфрлил информациите врзани за Ди Марија како неточни.

„Тоа што објавија за Ди Марија не е вистина“, кратко порача „супер агентот“ на аердромот Ел Прат во Барселона.

Андре Гомеш не го спомена, а кога е во прашање Ди Марија, за него интерес покажа и Интер, додека Барселона како што се наведува понудила 35 милиони евра, со дополнителни 15 милиони за бонуси, што Парижаните не сакаа да го прифатат.

Но, тука приказната околу него не се завршува, јасно е дека во самиот финиш на преодниот рок ќе има уште обиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…