Синдрит Гури кој до пред две недели беше дел од Шкендија кариерата ја продолжува во турскиот суперлигаш Истанбулспор каде што ќе биде соиграч со македонскиот репрезентативец Валон Етеми.
Денес Гури потпиша договор на три години со Истанбулспор кој летово преку плеј-офот стигна до најсилната турска лига. Во новиот клуб тој пристигна бесплатно откако му завршија обврските кон Шкендија и си замина како слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Шкендија Гури потпиша во септември, претходно настапуваше за белгискиот Остенде каде што настапуваше три години.