Дома Трансфер зона Милик пред враќање во Серија А

Милик пред враќање во Серија А

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик е на чекор од трансфер во Јувентус.

На вчерашниот состанок неговите агенти и Јувентус постигнат е договор околу личните услови на Полјакот, пренесува италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


28-годишниот напаѓач стана примарна мета на „старата дама“ откако се појавија проблеми со доведувањето на Мемфис Депај и сега работат на договор пред затварање на преодниот рок кој е отворен до крајот на месецот.

Јувентус веќе се согласи да плати два милиони евра на Марсеј за позајмица со опција за откуп за осум милиони евра. Марсеј прифати да го пушти и Милик изрази желба за играње во Јувентус, па така трансферот е блиску до реализација.

Во текот 18 месеци во Марсеј Милик постигна 30 голови на 55 натпревари во сите натпреварувања и сега ќе го засили нападот на Јувентус кој имаше проблем за викендот во натпреварот кој заврши 0:0 со Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…