Дома Трансфер зона Јуве и Интер извисија – Кеита пристигна во Монако (фото)

Јуве и Интер извисија – Кеита пристигна во Монако (фото)

Една од најголемите трансфер саги на Апенините денес доби нова завршница. Напаѓачот на Лацио Кеита Балде кариерата ќе ја продолжи во Монако.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеита беше трансфер цел на сите големи италијански клубови, а најголема битка за неговиот потпис видеја Јувентус и Интер.

Двата италијански гиганта не сакаа да понудат повеќе од 20 милиони евра, со оглед на фактот што договорот на Кеита со Лацио истекуваше на крајот на сезоната.

Во последен момент се појави Монако кој постигна договор со Лацио за трансфер вреден 30 милиони евра плус бонуси.

Италијанските медиуми потврдија дека играчот исто така ја прифатил понудата и веќе пристигнал во Монако на медицински прегледи, па се очекува само официјализација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…