Дома Македонски спорт Мак ракомет Кадетите по освоениот ЕХФ шампионат на прием кај претседателот Пендаровски

Кадетите по освоениот ЕХФ шампионат на прием кај претседателот Пендаровски

Денес претседателот Стево Пендаровски ја прими машката кадетска репрезентација која го освои ЕХФ шампионатот до 18 години в Латвија.

Пендаровски испрати честитки до младите ракометари истакнувајќи дека е импересиониран од начинот на кој стигнаа до титулата, без пораз.

„Честитки за македонската машка кадетска ракометна репрезентација за освоеното прво место на ЕХФ шампионатот (до 18 години) месецов во Латвија.

Импресионира патот до шампионската титула без ниту еден пораз и фактот што во идеалниот тим на шампионатот се избрани четворица македонски репрезентативци.

Горди сме што кадетската репрезентација со супериорниот триумф ја продолжува традицијата на одлични резултати во македонскиот ракомет, како еден од нашите најуспешни спортови“, порача Пендаровски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Штип УГД без освоен сет во Холандија, европската шанса сега ја брани дома

Македонскиот одбојкарски првак загуби со 0-3 кај Орион старс на стартот од квалификациите …