Челзи може да се согласи да го пушти на позајмица Пулишиќ во Манчестер Јунајтед, но само доколку претходно фидбалерот го продолжи договорот со „сините“.
Желбата на Челзи е да го продаде 23-годишниот крилен фудбалер и сака да си ги врати приближно парите кои ги вложи пред три години, односно 55 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пулишиќ има договор со „сините“ на уште две години, па Челзи не сака следното лето фудбалерот да се врати и да влезе во последната година од договорот.
Затоа ќе се согласи да го пушти на позајмица, но само ако претходно стави потпис на нов договор и сумата за откуп биде поставена приближно на 50 милиони евра.