Се погласни се најавите дека Кристијано Роналдо ќе се врати во Мадрид, но не во Реал туку во Атлетико.
Последните информации од Островот се дека Роналдо добил дозвола од челниците на Манчестер Јунајтед да си бара нов клуб. Шпанската „Марка“ пренесува дека „црвените ѓаволИ“ веќе ја пикирале и неговата замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за сонародникот на Кристијано Роналдо, Жоао Феликс. „Јорганџиите“ не планираат продажба на Феликс и околу него ја градат екипата за наредните години. Од друга страна на Јунајтед им е неопходен напаѓач, посебно доколку Роналдо навистина си замине.
Тешко може да се верува дека Атлетико ќе го пушти Феликс, планот на Јунајтед е со Роналдо да ја намалат цената на помладиот Португалец. Се шпекулира и дека во Атлетико би можеле да размислат на Јунајтед во замена за Роналдо да понудат некој од Мората и Гризман.
Преодниот рок влегува во самата завршница, па набрзо се очекува да биде се јасно околу иднината на Португалецот.