Дома Фудбал Во Милан дојде со големи очекувања, а сега преку Ајнтрахт заврши во Гент

Во Милан дојде со големи очекувања, а сега преку Ајнтрахт заврши во Гент

Следната сезона Јенс Петер Хауге ќе ја помине во Белгија во тимот на Гент.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Хауге пристигна во Милан како голема надеж, но откако не ги исполни очекувањата се пресели во Германија во тимот на Ајнтрахт Франкфурт.

Тогаш трансферот на Хауге беше изненадување и изгледаше дека Франкфурт добива звучно име, сепак Норвежанецот и таму не играше во добра форма и брзо го загуби првотимскиот статус.

Се очекуваше дека по заминувањето на Костиќ повторно ќе добие поважна улога и нова шанса, но германскиот клуб објави дека го испраќа на позајмица. Позајмицата на Хауге е со важност до 2023 година, но нема можност за откуп, па така тој ќе се врати во Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул потврди за Конате, тој се обрати со порака

Од Ливерпул ја потврдија веста дека Ибраима Конате го напушта клубот како слободен агент. …