Дома Фудбал Анчелоти за клучната одлука: Не беше лесно да им кажам на Бензема и Крос дека нема да шутираат

Анчелоти за клучната одлука: Не беше лесно да им кажам на Бензема и Крос дека нема да шутираат

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа дека е задоволен со победата од 2-1 против Алмерија на стартот на Ла Лига.

Голот за победа го постигна Давид Алаба од слободен удар во 75. минута, и тоа од првиот контакт со топката.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Тие кои изведуваат слободни удари се Бензема или Крос, но влезе Алаба кој исто така е добар. Не беше лесно да им се каже на Бензема и Тони дека нема да изведуваат слободни удари, но во тој момент донесовме таква одлука. Тие се професионалци и секако дека не правеа проблем.“, вели Анчелоти.

Италијанецот призна дека лошо го почнале натпреварот, по што имаа и негатива од 0-1, но сепак во второто полувреме успеаа да ја свртат ситуацијата и да победат на стартот на Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн гаази, но Компани размислува и на засилувања – има три желби за јануари!

Тимот на Баерн прикажува извонредна форма оваа сезона и во Лигата на шампионите и на домаш…