Поранешниот фудбалер, а денес тренер Вангел Алтипармаковски доби интересен предизвик и ќе води тим во Монголија.




Алтипармаковски е назначен за тренер на тимот Ховд Вестер Монголија. Станува збор за клуб кој се натпреварува во првата лига на оваа земја.




Тој ќе биде првиот македонски тренер кој ќе работи во оваа земја.




Претходно во тренерската кариера Алтипармаковски работеше во младинските категории на Работнички и како асистент тренер. За него е прва улога на главен тренер.