Дома Трансфер зона Откриено зошто Вилијан си замина од Коринтијас само после една сезона

Откриено зошто Вилијан си замина од Коринтијас само после една сезона

Поранешниот играч на Челзи и лондонски Арсенал минатата година потпиша за Коринтијас.

Во петокот Вилијан го напушти бразилскиот клуб откако екипата испадна во Копа Либертадорес од домашниот ривал Фламенго. Сега е откриено зошто Бразилецот се одлучил на таков потег.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Вилијан бил под силен притисок од навивачите, добивал закани за него и неговото семејство и тоа тешко му паднало па се решил да замине.

„Вилијан бараше да го раскинеме договорот. Тажни сме што веќе го немаме, а исто така и затоа што не одеше како што очекувавме. Но, мормае да ги задржиме оние кои се среќни“, изјави претседателот на клубот Дулио Монтеиро Алвес.

Коринтијас изгуби на пет од последните девет натпревари, Вилијан играше во ревашот против Фламнего во средата кога екипата беше елиминирана во четвртфиналето.

„Кога и Коринтијас да изгубеше, а јас не играв добро моето семејство добиваше закани и навреди на социјалните мрежи. Сопругата и децата најчесто беа мети, а неодамна напаѓани беа мојот татко и мојата сестра“, изјави Вилијан за страницата „Глобо Еспорте“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Агентот на еден од најбараните напаѓачи потврди каде сигурно нема да продолжи

Напаѓачот на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко е еден од најбараните летово, а неговиот агент отк…