Дома Фудбал Чави: Работиме на регистрација на играчите, имаме рок до два часа пред натпреварот

Чави: Работиме на регистрација на играчите, имаме рок до два часа пред натпреварот

Денешната прес-конференција на Чави привлече големо внимание во Шпанија, бидејќи во Барселона во овој период е турбулентно поради потешкотиите да се регистрираат летните засилувања.

Првото прашање кое Чави го доби од новинарите беше на таа тема, а Чави откри дека Барса активирала четврто интерно рефинансирање и сите очекуваат утре се да биде завршено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За да не прашувате дополнителни ќе ви објаснам како стојат работите. Напорно работиме да ги регистрираме играчите и сите сме оптимисти. Денес клубот активираше четврто рефинансирње и утре ќе видиме дали ќе ги регистрираме сите играчи кои пристигнаа летово. Рокот за пријавување на играчите е два часа до почетокот натпреварот, имаме време и ќе видиме што ќе се случи“, објасни Чави.

Сезоната во Ла Лига Барселона ја стартува утре од 21:00 часот со натпреварот против тимот на нашиот Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…