Дома Тенис Кирјос по победата против Медведев: Кога сум ги победил Федерер, Ѓоковиќ и Надал можам секого

Кирјос по победата против Медведев: Кога сум ги победил Федерер, Ѓоковиќ и Надал можам секого

Австралискиот тенисер Ник Кирјос во Монтреал го елиминира првиот тенисер во светот, Данил Медведев со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-4 и 6-2.

Кирјос покажа дека е сериозен кандидат за титулата, а веќе има 14 победи во последните 15 меча, при што загуби само еднаш, и тоа од Новак Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон.

По крајот на мечот против Медведев, новинарите го прашаа Кирјос што научи од победата, а тој им одговори во негов стил.

„Вие момци се однесувате како да не сум победил ниту еден голем тенисер. Веќе ги совладав Федерер, Ѓоковиќ и Надал. Дури и да загубам пет меча по ред, секогаш ќе имам шанса против било кого. Не играм само за себе, туку и за прекрасната публика. Тоа му е потребно на спортот“, вели Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Милиќ експресно до четвртфинале во Јапонија, сега го чека првиот носител

Деветнаесетгодишниот српски тенисер загуби само три гема во Мацујама, а за полуфинале ќе с…