Бразилецот Вилијан го раскина договорот со Коринтијас и според медиумите тој е блиску до враќање во Лондон и тоа во редовите на Фулам.




Премиер лигата е одлично позната дестинација за Вилијан бидејќи цели осум години настапуваше на Островот, седум сезони во Челзи и една во Арсенал. Сега како што стојат работите ќе заигра и за трет клуб од Лондон.




Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Последните информации кои ги пренесуваат медиумите на Островот и во Бразил се дека преговорите се во напредна фаза и наскоро се би можело да биде завршено.




Фулам не би платил ништо за Вилијан затоа што пристигнува како слободен агент.