Дома Фудбал Англија Бернардо Силва за иднината: Сити знае што сакам

Бернардо Силва за иднината: Сити знае што сакам

Многу шпекулации има околу иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португлецот минатото лето сакаше да го напушти клубот, но сепак остана, а сега силен интерес за него покажува Барселона.

Наводно Бернардо Силва веќе има договор со Каталонците, но Барселона има финансиски проблеми и не може да се договори со Сити околу обештетувањето.

„Секогаш кажувам дека сум среќен тука, но не знам што ќе се случи. Останува да видиме. Моите односи со клубот се отворени. Јас бев искрен и тие знаат што сакам. Ако останам ќе бидам среќен бидејќи секогаш го давам најдоброто. Ако не останам, тоа е фудбалот“, изјави Бернардо Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити постави нов рекорд со англиски репрезентативец

Англискиот репрезентативец Елиот Андерсон преминува од Нотингем Форест во Манчестер Сити, …