Хуан Мата ова лето го напушти Манчестер Јунајтед откако му истече договорот, но како што стојат работите тој ќе остане во Премиер лигата.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанска „Марка“ пренесува дека Мата има понуда од Лидс и до крајот на преодниот рок би можел да ја засили екипата на Џеси Марш. Шпанецот не се поврзуваше премногу со многу клубови, па веројатно и за него е привлечна можноста да остане во англискиот фудбал.




Со Мата Лидс сигурно би добил големо заслување во борбата за опстанок која ја очекуваат во овој клуб за новата сезона.




Нема сомневање дека Шпанецот ќе биде одлична поддршка за Бамфорд, Родриго Морено и Херисон.