Иако во Барселона имаа поинакво мислење сепак, Ла Лига им даде негативен одговор за регистрацијата на новите играчи, а на клубот му се брза затоа што сезоната започнува за само една недела.




Барселона продаде 25% од ТВ правата и остварија добивка од околу 660 милиони евра, потоа беа продадени и 24.5% од „Барса Студиос“ за нови 100 милиони евбра. Тогаш Жоан Лапорта на претставувањето на Кунде изјави дека се е завршено и Барса ќе може да ги регистрира.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак ден подоцна од Ла Лига стигна одогвор дека тие 760 милиони евра на Барселона не е и се доволно. Така сега на раководството му се брза и ќе мора да се продава нов имот за да се регистрираат играчи.




Медиумите во Шпанија пренесуваат дека се преговара со фондот ГДА Лума за продажба на нови 24.5% од „Барса Студиосз“, таа зделка би требало да им донесе 100 милиони евра. Засега не е познато дали сигурно оваа трансакција ќе биде доволна Ла Лига да даде зелено светло.