Викендов ситуацијата околу Кристијано Роналдо и неговата иднина во Манчестер Јунајтед доби нова епизда.
Роналдо конечно се појави на припремите на Јунајтед и по само еден тренинг со соиграчите играше против тимот на нашиот Столе Димитриевски, Рајо Ваљекано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И во натпреварот Португалецот не се прослави, беше најслаб на теренот. Тренерот Ерик Тен Хаг го замени после само 45 минути на теренот. На Островот се пишува дека тоа воопшто не му се допаднало на Роналдо, па си заминал уште пред да заврши натпреварот.
Заминувањето на Роналдо пред завршувањето на натпреварот предизвика дополнително незадоволство кај навивачите кои сметаат дека Португалецот не смее така да се однесува кон клубот.
Како што стојат работите прашањето за иднината на Роналдо ќе биде отворено до самиот крај на преодниот рок па ќе видиме што ќе се случува.
"Sunday the King plays" pic.twitter.com/XsgJSWPu1R
— Barça Worldwide (@BarcaWorldwide) July 31, 2022