Дома Македонски спорт Ростов за Тошевски плати и 900.000 евра, а сега Крајова го носи на проба

Ростов за Тошевски плати и 900.000 евра, а сега Крајова го носи на проба

Поранешниот младински репрезентативец Давид Тошевски во овој момент е на проба во романската Универзитатеа Крајова.

Некогашниот голем талент во македонскиот фудбал кој за 900.000 евра направи трансфер од Работнички во Ростов не успеа да ги оправда очекувањата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во изминататите години Ростов постојано го испраќаше на позајмици, а никаде не успеа да забележи поголем успех. Сега тој е на проба во Романија во тимот на Крајова.

„Повеќе време ќе ни треба да одлучиме дали ќе го ангажираме Тошевски. Треба да видиме дали може да биде корисен за првенството.

Не ме интересира кој постигнува голови на пријателските натпревари, туку колку фудбалерите можат да бидат корисни во првенството. Ќе имаме и други фудбалери на проба, па ќе одлучиме“, изјави тренерот на Крајова Ласло Блинт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…