Дома Трансфер зона „Реал Мадрид погреши со Јовиќ и Дијаз, па сега внимава за кого ќе даде пари“

„Реал Мадрид погреши со Јовиќ и Дијаз, па сега внимава за кого ќе даде пари“

Реал Мадрид го купи Лука Јовиќ пред неколку години за 60 милиони евра, но Србинот никогаш не успеа да ги повтори неговите настапи од Ајнтрахт Франкфурт.

Шпанскиот шампион плати и 25 милиони евра пред четири години за Маријано Дијаз од Лион, но ниту тој не се покажа како вистинско засилување, па одигра само 42 меча.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанска „Марка“ објави дека гигантот поради тоа е внимателен на трансфер-маркетот и не сака да направи уште една грешка, иако имаат потреба од замена за Карим Бензема.

Реал бара засилување во нападот, а веќе се споменуваа неколку можности, но нема конкретен потег од страна на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ердон Даци има нов клуб

Maкедонскиот фудбалер, Ердон Даци има нов клуб во Белгија и ќе го носи дресот на Деинзе. В…