Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага е пред трансфер во Наполи, пренесуваат италијанските медиуми.
„Сините“ пред само три години за неговиот потпис платија 80 милиони евра, но Кепа не ги оправда очекувањата и после една сезона беше седнат на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој има статус на втор голман откако пристигна Менди, па и самиот сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Наполи.
Наполи му нуди првотимски статус и постигнал договор со Челзи за едногодишна позајмица со право на откуп.
Двата клуба ги договараат последните детали во наредните денови Шпанецот треба да пристигне во Италија.
#Calciomercato, @sscnapoli | Si insiste per #Kepa Arrizabalaga del @ChelseaFC. I dettaglihttps://t.co/7VlVFN6Bu3
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 30, 2022