Лионел Меси минатото лето ја напушти Барселона на начин на кој не посакуваа ниту тој, ниту клубот, а најмалку навивачите. Меѓутоа се погласно се зборува за негово можно враќање во Барселона откако ќе му истече договорот со ПСЖ.
На оваа тема зборуваше и претседателот Лапорта, а сега се огласи и Чави. Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната која следи и тогаш би можел ако се подобри финансиската ситуација во Барселона до тоа ниво да се врати.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сакам да верувам дека времето на Меси во Барселона заврши. Тој заслужува да се врати и јас го посакувам тоа. Ако некој ме праша дали сум за негово враќање без размислување ќе одговорам „да““, јасно потенцираше Чави.