Дома Останати Тенис „Ако не беа Ѓоковиќ, Надал и Федерер се ќе беше поразлично во тенисот“

„Ако не беа Ѓоковиќ, Надал и Федерер се ќе беше поразлично во тенисот“

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас кажа дека е тешко да се пробиеш во ера на тројцата најдобри тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Циципас во кариерата освои девет титули, а играше и финале на Ролан Гарос минатата година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мислев дека сум блиску, но Новак, Рафа и Роџер се дел од најдобрата генерација на тенисот. Не е лесно да ги победите и да се издвоите. Без разлика на тоа, мислам дека ни помогнаа да го кренеме тенисот на повисоко ниво. Без нив, сè ќе беше поразлично.

Тие се на врвот долги години, а Ѓоковиќ е еден од најдобрите, додека Надал се врати и почна да освојува титули“, вели Циципас.

Гркот во моментов е на четвртата позиција на АТП-листата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ донесе една од најголемите одлуки во кариерата

Новак Ѓоковиќ нема намера да ја заврши кариерата. Тој објави дека сака да учествува на Оли…