Романската Универзитате Крајова како што стојат работите ќе биде новиот клуб на македонскиот напаѓач Давид Тошевски.
Тошевски во еден период важеше за голем талент и премина од Работнички во Ростов за сума од 900.000 евра, но никако не успеа да ги исполни очекувањата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ростов го испраќаше на позајмици во Тамбов (Русија) Горњик (Забрзе Полска) и Михаловице (Словачка), но никаде не остави посебен впечаток.
Крајова интерес за македонскиот напаѓач покжувала уште кога тој премина во Ростов, но тогаш понудата од 700.000 евра била помала од онаа на Ростов, па Работнички ја прифатил таа од Русија, што е и разбирливо.