Ренато Санчез наскоро ќе стане нов играч на ПСЖ, пренесува португалскиот О’Жого.
Португалците тврдат дека 24-годишниот играч ќе дојде на позајмица во францускиот шампион од Лил со обврска за откуп за 10 милиони евра. Лил Санчез го доведе пред три години од Баерн за 20 милиони евра, а Португалецот сега влезе во последната година од договорот со Лил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариерата Санчез ја започна во Бенфика која после одличниот настап на Еуро 2016 го продаде на Баерн за 35 милиони евра.
Санчез во Париз ќе соработува со Кристоф Галтие кој го водеше и во Лил кога тој клуб беше шампион на Франција 2021 г одина. ПСЖ ова лето ги доведе Витињо и Норди Мукиеле, а најголемата работа францускиот шампион ја направи со продолжувањето на договорот со Килијан Мбапе.