Дома Македонски спорт Ристовски: Не ни замислував дека ќе бидам противник на стадионот на кој пораснав

Ристовски: Не ни замислував дека ќе бидам противник на стадионот на кој пораснав

Капитенот на фудбaлската репрезентација на Македонија Стефан Ристовски со Динамо Загреб вчера играше на Арената во Скопје во рамки од квалификациите за Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Динамо победи со 0:1 и така се пласираше во следното коло. Единствениот гол на натпреварот го постигна вториот наш репрезентативец во Динамо, Аријан Адеми.

„Како дете додека бев во Вардар знаев што значи Динамо и не ни замислував дека еден ден со овој тим ќе играм на стадионот каде што пораснав и ќе бидам рпотивник. Драго ми е што победивме и што се пласиравме понатаму“.

„Во фудбалот денес нема лесни противници, Шкупи е цврста екипа која игра со два блока. Шкупи е шампион на Македонија и немаше што да загуби во овој двомеч, влегоа многу мотивирани, а најважно е што ние продолжуваме по нашиот пат“, изјави Ристовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…