Дома Останати Мејведер и дефинитивно става КРАЈ: Ова беше моја последна борба

Мејведер и дефинитивно става КРАЈ: Ова беше моја последна борба

Флојд Мејведер во Лас Вегас славаше над ММА ѕвездата Конор Мекгреор во 10 рунди во долгонајавуваната борба.

После борбата Мејведер го потврди она што сите и го очекуваа, а тоа е дека ова беше негова последна борба во кариерата во која сега има 50 победи без ниту еден пораз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мекгреор се бореше многу подобро отколку што очекував. Беше тежок противник. Мојот план беше да го оставам да се измори и на крајот да го победам. Тој во ММА се бори најмногу 25 минути и не е навикнат на подолги борби. Сметам дека вечерва јас успеав да ја зачувам репутацијата на боксот“.

„Ова беше моја последна борба. Избрав вистински противник за моето последно влегување во рингот. Тој е страшен борец и голем шампион“, изјави Мејведер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …