Дома Трансфер зона Потврдено: Бекот на ПСЖ пристигнува на „Вајт Харт Лејн“

Потврдено: Бекот на ПСЖ пристигнува на „Вајт Харт Лејн“

poketino

„Петлите“ конечно успеаа да доведат замена за Кајл Вокер!

Маурисио Покетино долго време се обидуваше да го доведе бекот на ПСЖ, Серж Орие и изгледа дека на крајот и успеа во својата намера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе пристигне во Лондон како замена за Кајл Вокер.

Тотенхем за услугите на Орие ќе плати 23 милиони фунти, додека Вокер на Сити го продадоа за сума од 50 милиони фунти.

Препреката која го делеше Орие од Тотенхем беше административна и изгелда дека дека таа е надмината, па повеќе ништо не го спречува Орие да се пресели во Лондон.

Орие ќе биде третото засилување за тимот на Покетино ова лето, пред него пристигнаа Дависон Санчез и голманот Пол Газанига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…