Дома Македонски спорт Мак фудбал Дили Каба е шестото засилување за Воска Спорт

Дили Каба е шестото засилување за Воска Спорт

Второлигашот Воска Спорт денес го претстави и шестото засилување.

Ново име во охридскиот клуб е Дили Каба кој веднап по потпишувањето на договорот се приклучи на екипата која ги одработува подготовките за новата сезона.

Во прашање е талентиран играч кој во Воска доаѓа од тимот на Велешта. За Велешта во претходните две сезони тој беше првотимец и прикажуваше одлични настапи, сепак сега се одлучи дека е време за нов предизвик.

Пред Каба договори со Воска потпишаа Ваљон Незири, Арлинд Алити, Ајрадин Цуцули, Илбер Беќири, Енсер Љума и Албин Рамадани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гаштаров без страв пред Шкотска, Македонија бара излез од серијата порази

Младиот репрезентативец го дочекува гостувањето во Глазгов без притисок. Македонија вечерв…