Иако и Шалке има желба да ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов како што има и тој, сепак тоа најверојатно нема да се случи.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Спортскиот директор на Шалке, Рувен Шредер потврди дека клубот во овој момент нема пари да ја плати сумата од три милиони евра колку што бара Штутгарт за откуп на договорот на Македонецот.




„Го почитуваме Дарко, а мислам дека и неговата почит кон Шалке е голема. Сепак во овој момент Штутгарт е негов тим и ние немаме пари да го откупиме“, изјави Шредер.




Шалке се обидува и да договори нова позајмица, но засега преговорите тешко одат.