Иако Жозе Мурињо изјави дека е задоволен со тимот кој го има располагање, изгледа дека не е готово.
Дури и да не доведе фудбалер до крајот на преодниот рок, Жозе Мурињо смета дека неговиот клуб одработил одличен преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, сепак изгледа ќе се обиде да го затвори преодниот рок со едно спектакуларно засилување. Имено, откако не успеа да го доведе Перишиќ или Бејл кој беше невозможна мисија, како што пренесуваат медиумите во Англија, Португалецот ќе тргне по Тома Лемар.
Лемар беше голема желба на Арсенал, но „топџиите“ се откажаа бидејќи Монако бараше огромна сума на пари, но Мурињо може да има предност бидејќи Лемар има голема желба да соработува со Португалецот.
Мурињо наводно спрема понуда од скоро 70 милиони евра, од друга страна Монако на Арсенал му бараше најмалку 60 без бонуси кога Венгер се откажа.