Саму Кастиљехо после четири години го напушта Милан и кариерата ќе ја продолжи во Валенсија, пренесуваат италијанските медиуми.
Кастиљехо беше желба на тренерот Џенаро Гатузо, кој одлично го познава од времето кога работеа заедно во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Шпанецот немаше повеќе место во италијанскиот шампион и „росонерите“ му порачаа дека слободно може да си бара нов клуб.
Според информациите од Италија, Милан прифатил на раскинување на договорот, кој истекуваше следното лето и Кастиљехо без обештетување ќе се пресели во Валенсија.
Играчот веќе се договорил со Валенсија и следните денови ќе отпатува на лекарски прегледи.