Италијанските медиуми тврдат дека Арсенал е сериозно заинтересиран за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Приоритет на Артата ова лето е засилување на средниот ред, а прва желба е токму Милинковиќ-Савиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Арсенал нуди 55 милиони евра, но Лацио бара 65 милиони и не брза да ги продаде бидејќи Србинот има уште две години договор.
Интерес за Милинковиќ-Савиќ покажуваат уште Челзи и Њукасл, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата и веќе работи на трансферот.
Милинковиќ-Савиќ е седум години во Лацио, а неговиот агент истакна дека сега е вистински момент за трансфер и чекор напред во кариерата.
Меѓутоа, Лацио не попушта и не сака да го пушти за помалку од 65 милиони евра.