Поради одлуката да не играат белоруски и руски тенисери на Вимблдон, АТП ги казни организаторите така што тенисерите не добиваа бодови за овогодинешното издание.
Новак Ѓоковиќ кој го освои Вимблдон седми пат по ред поради таа ситуација забележа пад од дури четири места и сега е седми на АТП листата. Ѓоковиќ го освои Вимблдон и минатата година па затоа загуби 2.000 бодови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најголем пад помеѓу најдобрите тенисери забележа Матео Беретини кој минатата година играше финале, а оваа година се откажа на самиот старт поради Ковид-19 и падна на 15-тото место.
На врвот на АТП листата остана Данил Медведев кој не играше во Лондон, но остана без 180 бодови, толку загуби и второпласираниот Александар Зверев кој оваа година не играше поради повреда. По едно место поради падот на Ѓоковиќ напредуваа Надал, Руд и Алкараз.
Во топ 10 се наоѓаат уште Андре Рубљов, Феликс Оже-Алијасим и Јаник Синер.