Тимот на Арсенал го засили нападот со Габриел Жесус, но „топџиите“ не планираат да застанат тука.
Медиумите пренесуваат дека ново засилување во офанзивата на Арсенал може да биде напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри за кого ова би било враќање во Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гнабри во Арсенал пристигна во 2011 година како 16-годишно момче од Штутгарт. Професионалната кариера ја започна во Арсенал, а поради потрага по поголема минутажа во 2016 се пресели во Вердер.
Сезоната во Вердер ја одигра одлично и следуваше трансфер во Баерн Минхен. Во изминатите четири сезони во Баерн Гнабри постигна 63 гола на 171 натпревар. Во последната сезона постигна 17 гола и запиша 10 асистенции на 45 натпревари.