Дома Фудбал Роналдо го претстави новиот дрес на Јунајтед, но може да не го облече 🎥

Роналдо го претстави новиот дрес на Јунајтед, но може да не го облече 🎥

Манчестер Јунајтед официјално го претстави дресот за новата сезона.

Дизајнот на дресот е со јака и потсетува на легендарни моменти на „црвените ѓаволи“ од 90-те години.

Интересно е што еден од основните модели при претставувањето на дресот е Кристиано Роналдо, за кого силно се шпекулира дека ќе го напушти клубот ова лето.

Роналдо нема да замине со тимот на турнејата во Азија, а медиумите тврдат дека иако го промовира, големи се шансите тој да не го облече новиот дрес на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станојевиќ по четврти пат во Партизан, Петровиќ со силна порака за Илиќ

Александар Станојевиќ го наследува Саша Илиќ, а спортскиот директор Радосав Петровиќ порач…