Дома Фудбал Англија Фердинанд: Нормално дека Роналдо нема да биде задоволен и јас не би бил

Фердинанд: Нормално дека Роналдо нема да биде задоволен и јас не би бил

Се погласно се најавува дека Роналдо сака да замине од Манчестер Јунајтед, а на оваа тема сега зборуваше и Рио Фердинанд.

Роналдо минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ и неговото враќање беше дочекано со еуфорија и надеж дека клубот ќе се врати на победничките патеки. Сепак, резултатите на тимот се далеку од посакуваните.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


За Рио Фердинанд нормално е Роналдо да не биде среќен.

„Секако дека не е среќен. Зборувате за Кристијано Роналдо. Не разбирам како голема приказна е тоа дека не бил задоволен од работите во клубот. Нормално е да не биде и јас не би бил. Секој што сака да победува и да освојува трофеи, секој што е навикнат да биде на врвот во борба за најголемите трофеи нема да биде“.

„Кога еден таков играч одеднаш ќе остане без пласман во ЛШ не можете да очекувате да е среќен“, смета Фердинанд.

Според последните информации од Островот Роналдо во овој момент најблиску е до преселба во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кога ќе биде доделена Златната топка за оваа сезона

Европската фудбалска унија (УЕФА) официјално објави дека 69. доделување на Златната топка,…