Дома Трансфер зона Јунајтед понуди 60 милиони за Ентони, Ајакс кажа НЕ

Јунајтед понуди 60 милиони за Ентони, Ајакс кажа НЕ

Ајакс ја одби првата понуда од Манчестер Јунајтед за крилниот напаѓач, Ентони, која изнесувала 60 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот Ентони блесна оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.

Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона постигна 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тен Хаг одлично го познава и сака да го донесе на „Олд Трафорд“, а раководството на „црвените ѓаволи“ испратила прва понуда од 60 милиони евра.

Меѓутоа, Ајакс експресно ја одбил понудата и за својот „бисер“ бара 20 милиони евра повеќе.

И самиот фудбалер сака да се пресели на „Олд Трафорд“, па Јунајтед сигурно ќе ги продолжи преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…